Scale as a tool for reading the city / by Aleksandra Shekutkovska

 

*Macedonian version bellow 

In first year in the studies related to urban design the students often look at me with question marks when I explain to them that scale for them has a different function- they can use it as a method for reading the city. SCALE is one of the aspects that define urban design. The word itself urban design suggest simultaneously two types of scales, one that links us to the city and the second –design- which we somehow depict in a smaller scale. In the same time design speaks for the meanings on a meta-level, to surpass the mere function and to create an aesthetic “finish”.

My professor Marc Angelil used to explain to us that if Koolhaas is intrigued by S,M, L, XL, the urban designer should work additionally to that in the in between zone from XS to XXL.  I try to explain to my students, that they need to follow the behavior of the camera lenses, to develop the individual ability to observe, to come closer or move away.

First we may discuss dynamics, the speed of thinking and moving of our individual lenses, developing the power of observation and reading of the city in the final zoom in and final zoom out and all of the sequences that happen in the in-between.

Secondly we may speak about the difference in reading the social and physical space in different scales-the urban fabric visually gives us different information about the physical-built space, the dynamics and movement, the quantity of open space and function, character, identity, the level of private and public space...

In order to be able to discuss “in the end” about designing in different scales-from zoning to scenario, similarly to the headache that happens to us when we see the movie “Power of ten” by the couple Eames, practicing scale requires sensitivity, exploration. Thinking about the city through scale moves from the pedestrian, to the scale of the sidewalk and the relationship of the sidewalk towards the pedestrian, to the scale of the city as a whole and its relationship to the city dwellers.

Thinking BETWEEN scales is exceptionally important as well as the precision of the scale, the expression, visualization and the given scale. The individual choice of scale in accordance to our proposal for art, architectural, infrastructural, urban intervention is an inseparable part of the design approach and the design decisions of the urban designer.

 

Look- focus-observe-conclude.

Zoom out- observe again.

Zoon in- focus-observe again-conclude.

 

Reading of existing contexts in different scales is equally important as the methodology and technique of representing our design interventions in given scale. Thinking between scales can happen in different modules of thinking: plan, section, façade, diagram, situation...That speaks deeply for our relationship towards the urban tissue, our position towards context and content. Scale as a tool can shape our thinking about the city. It is a good start to begin with the Power of ten on Google maps and see how much our senses are perceptional in each and every one of the rectangular which open up in front of our screen. In spite of reading the scale bar on the side of the window, what are the level and the layers, atmospheres and conditions that we can read in each of the frames which show us parts of the city?

 

 

 

Размерот како метод на читање на градот

 

Во прва година на студиите од областа урбан дизајн, студентите ме гледаат со прашалници кога за првпат им објаснувам дека за нив размерот има и поинаква функција-дека може да го користат како метод за читање на градот. РАЗМЕРОТ е една од темите која го дефинира урбаниот дизајн. Самиот збор урбан дизајн сугерира истовремено два типа на размери, еден кој го поврзува со градот и вториотдизајн- којшто го замислуваме во помал размер-истовремено зборувајќи и за неговото значење на мета ниво - да ја надмине функцијата и да создаде негово естетско заокружување.

Мојот професор Марк Ангелил велеше дека ако Колхас се занимава со S, M, L, XL, урбаниот дизајнер работи во меѓузоната на XXL и XS. На моите студенти им објаснувам, треба да се стремите да бидете како фотографскиот објектив, да ја развивате сопствената можност и способност да забележите,да се оддалечите и да се доближите.

Најпрвин да зборуваме за динамика, брзина на размислување и движење на сопствениот објект, развивање на моќта на набљудување и читање на градот во крајното zoom in и крајното zoom out и сите секвенци коишто се наоѓаат помеѓу.

Потоа да зборуваме за разлики во читање на социјален и физички простор во различни размери- урбаното ткиво ни дава визуелно различни информации за физичкиот изграден простор, динамиката и движењето во него, процентот на слободен простор, степенот на приватен/јавен простор..

За да зборувамена крајза дизајнирање во различен размер-од зонирање до сценарио-слично на вртоглавицата која не зафаќа кога го гледаме Power of ten на двојката Иамс, вежбањето размер бара сензитивност, истражување. Размислувањето за градот преку размерот се движи од пешакот, од размерот на тротарот и односот на тротоарот во однос на неговите корисници, до размерот на целиот град и неговиот однос со целокупниот број на корисници.

Размислувањето ПОМЕЃУ размери е исклучително важно колку и прецизноста, експресивноста, визуелизацијата и одреденоста на зададениот размер. Сопствениот избор на размерот за најсоодветно да се прикаже уметничката, архитектонската, инфраструктурната, урбаната интервенција е нераскинлив дел од проектантскиот пристап и проектатнските одлуки на урбаниот дизајнер.

 

Погледни-забележи-заклучи

Зумирај-повторно забележи.

Одзумирај-забележи-заклучи.

 

Читањето на постоечките контексти во различни размери е еднакво важно како и методологијата на прикажување на дизајн интервенциите во одреден размер. Размислувањето помеѓу размери може да биде во различни форми на размислување: основа, пресек, фасада, ситуација, дијаграм.. Тоа зборува длабоко за нашиот однос кон градското ткиво, нашата позиција , контекстот, содржината. Размерот како алатка може да го обликува нашето размислување за градот. Доволно е да ја направиме за себе вежбата на Power of ten на google maps и да забележиме колку нашите сетила се перцептивни во секој од новите правоаголници кои ни се отвараат и ни доближуваат градови и територии во развој. Наспроти читањето на размерникот на работ од прозорецот, колку можеме да прочитаме во секој од посебните кадри кои го врамуваат просторот на градот