Signs / by Aleksandra Shekutkovska

 

 

When I lived in Zurich I always had this feeling that “invisible” signs and urban elements shape the movement, behavior and usage of the urban space. In highly developed societies biopolitics sets the principles of our individual role as users of urban space. Moving through different contexts I have learned that biopolitics is merely another lens through which we can read the physical shape, planning of the city to understand consequently the acting of the urban dwellers.

In my working days at the campus usually I walk from the station to the Architecture faculty. There is a covered walkway which also gives the opportunity to cycle (the existence of proper pedestrian walkways in Thailand context is always highly valued because of the very lack of it, the high concentration of cars, the fact that most of these places are usually occupied by informal activities, vendors...). Few weeks ago I noticed new signs of the pedestrian walkway. The path has been separated into two paths, one that is for pedestrian movement and the second one for pedestrians who use their mobile phones called very simply [TEXT WAY].

At first I thought what an interesting title. A path to create text, like the pedestrian is going to move and write a story, a poem, part in their diary, to shape a poetic picture in word while you are moving through one space. At the same time around the campus lines of yellow paths also appeared with a rough surface in order for the blind people to orientate themselves. I highly appreciated this initiative, however if we are back to this pedestrian path, why would we encourage blindness? Isn’t the path like this making us blind, first for our self, then for the people walking around us with whom we can share our text, then to the whole landscape, context around us, what are we trying to close our eyes to ? Every sign in urban space creates, shapes movement and behavior, and contributes to creating biopolitics in urbanscape. These days I am observing the effect: confused students, part of the walk on this path isolated with their mobile phone screen following the text way, like they have been called through this sign, part of them hitting the others confused because they still follow their old habits to walk through this trail. The power of sign, of one single urban element to set a structure of our behavior in a certain course is confusing me and inspiring me at the same time while I walk feeling like an anarchist on the text way with my head up.

­­

Знаци

Кога живеев во Цирих ми се чинеше деканевидливизнаци и урбани елементи го обликуваат движењето, однесувањето и користењето на урбаниот простор. Во виско развиените општества биополитиката ги поставува принципите на нашата улога како корисници на урбаниот простор. Во различни географски контексти биополитиката претставува уште една леќа низ која можеме да го разбереме најпрвин физичкото обликување, планирање на градот за последователно да го разбереме движењето, однесувањето и користењето на урбаните жители.

Во работните денови на кампусот кадешто работам вообичаено пешачам од станицата до Архитектонскиот факултет. Пешачката патека е покриен простор којшто дава можност дополнително и за движење со точак ( постоењето на пешачки патеки во Тајландскиот контекст е секогаш предност заради големата концентрација на автомобилски сообраќај, неформалното окупирање со продавачи на храна, предмети..). Пред неколку недели изненадено забележав нови знаци. Пешачката патека со сина боја се поделила на две патеки, едната за движење на пешаци, другата за пешаци со мобилни телефони наречена text way.

На почеток звучи интересно како термин. Патека за создавање текст, небаре пешакот може да се движи и ќе напише приказна, песна, дневник, дека ќе заокружи поетска слика во збор додека минува низ тој простор. Истовремено на други места се појавија жолти патеки со нерамна материјализација за пешаци кои имаат проблеми со видот. Меѓутоа зошто да создаваме слепило ? Зарем патеката како оваа не не прави слепи, најпрвин за себе, потоа за луѓето кои минуваат покрај нас со кои би можеле да споделиме текст сопствен, индивидуален за на крај за целиот контекст и околина околу нас. Секој знак во урбаниот простор создава, обликува движење, дали постои видливост за нас како корисници на биополитиката во урбаниот простор? Деновиве ги набљудувам реперкусиите, збунети студенти дел од нив одат по патеката изолирани во сопствените мобилни телефони следејќи ја текстуалната патека, почувствувани дека се повикани преку знак, дел од нив се удираат во нив збунето бидејќи се навикнати да одат по својата вообичаена патека без знак, поделби и слепило. Моќта на знакот, на еден единствен урбан елемент да постави структура на нашето однесување во одредена насока ме збунува и восхитува истовремено одејќи анархично со кренат поглед на текстуалната патека.