Living with disaster / by Aleksandra Shekutkovska

 

Reaching the Ritsumeikan campus in Ibaraki City, Osaka Prefecture we had the opportunity to experience a true architectural desert: conglomeration of buildings with purified architectural aesthetics. Functionally simple organized spaces, places for workshops and idea labs, with easily accessible communications, elevated corridors and roof gardens. From time to time in the inside you can discover small spaces with 60’s 70’s kind of furniture, like scenes from 2001: A Space Odyssey, where you can contemplate in your personal silence. Every type of material used for the building has been chosen attentively, covering and uncovering the concrete and steel bearing structure and façade, leaving the materials sometimes hidden, sometimes “striped” to its essence. Around the buildings small pocket gardens are symbol for the attempt to create possibilities of collaboration between the community and the university (the campus has been recently opened April, 2015). Buildings unfolded on a location with no fences, gates and huge park surface - one that looks more likes negotiation field rather than a piece of landscape.  

Iwakura Park, winner of Osaka landscape architecture award has a double function, mainly as a space for earthquake evacuation. The surface “inhabits” only a modest number of urban elements and structures which are all with double function: they can be used both as facilities in time of disaster. The bench where people are sitting down drinking coffee, turns into an oven for cooking food, the open pergola closes for small scale shelter and intimate space, the lights generate their own electricity through solar panels and small windmills, the sewage drain cover can be lifted up to create toilets.

Living with the possibility of disaster has been the leitmotif of our workshop. I remember when I used to watch footages on my television showing news from earthquakes from Asia, the videos are from inside a building, the picture is desaturated; there is a serious shaking however it looks so intangible, so unrealistic.. The past few days in the workshop we have been listening to a great number of lectures which all come back to the topic of disaster, disaster management and development before/after disaster, what we need to know as citizens to protect ourselves.. Disaster risk reduction is embedded in the urban planning regulations and urban design in Japan, to the extent that there are master plans for preventions of different kind of catastrophies. Living daily with the risk of facing a disaster the Japanese society has modeled disaster planning and management into their regulations. Disaster risk reduction, another challenge for urban planning and urban design here has been so integrated in the system that it seems inevitable to propose a design without taking this huge contextual factor into consideration.

 

Пристигнувајќи на кампусот Ритсумеикан во градот Ибараки сместен во префектура на Осака, доживеавме можност да се сместиме во објект вистински архитектонски десерт: конгломерација на волумени со прочистена архитектонска естетика. Функционално едноставно организирани простори, места за работилници, лаборатории за идеи, аудиториуми поврзани со едноставно простапни комуникации, надземни коридори и кровни градини. Во внатрешноста од време на време се сретнуваат простори во кои слично на кадрите од 2001:Вселенска одисеја, покрај мебел кој наликува на дизајните од 60тите и 70тите може индивидуално да се задлабочиме во сопствената тишина. Секој материјал искористен е внимателно избран, некогаш покриен, некогаш отскриен, бетонските и челичните носечки конструкции и фасади целосно ни ги доближуваат едноставните можности на дадениот материјал.  Околу објектите мали градини ги симболизираат иницијативите да се приближи универзитетот до заедницата ( кампусот е отворен во Април 2015 година). Организираните волумени на засебните факултети се поставени на локација без огради, ѕидови, покрај голема површина на парк кој наликува повеќе на поле за преговарање отколку на парче пејсажна архитектура.

Паркот Ивакура, добитник на наградата од Осака за најдобра пејсажна архитектура во 2015 година има двојна функција, најпрвин како простор за евакуација од земјотрес. Површината вдомува скромен број на урбани елементи и структури-сите од нив со двојна функција, секоја засебно може да се користи како специфична “услуга” во време на природна катастрофа. Клупата кадешто седат луѓето преку ден и пијат кафе, се трансформира во мини кујна за готвење храна, отворената пергола се затвора да создаде засолниште, светилките генерираат светлина преку соларни панели и јачината на ветерот, капаците од канализацијата се подигнуваат и на нив може да се постави монтажен тоалет.

Живеењето со можноста од катастрофа е главен мотив на нашата работилница. Добро се сеќавам кога ми се случувало да видам на телевизиски пренос снимка од природни катастрофи во Азија, снимки од внатрешноста на објектите, од самото случување на земјотресот, слика која е соблечена од бои.. Тогаш ми делуваше толку непознато, толку незамисливо. Последните неколку дена на работилницата се запознавме преку голем број на предавања за последниците, планирањето и менаџментот на природните и човечки создадените кастрофи. Намалувањето на ризикот од катастрофа во Јапонија е се присутно во регулативите за урбано планирање и урбаниот дизајн. Живеејќи дневно со ризикот од соочување со природна катастрофа, Јапонското опшетство има обликувано систем на организација, перцепција и планирање во индината. Контекстуалниот фактор во себе ја носи природната кастрофа како интензивен аргумент на било кој дизајн предлог и идеја која треба да одговори на квалитетот на живеењето во Јапонските населени места.