Sidewalk as a scenery / by Aleksandra Shekutkovska

 

Coming from Macedonia, I was always able to attach new meanings and functions to the SIDEWALK as an element of the city planning, apart from it just being a pedestrian pathway. In Bangkok the sidewalk has grown on me, it is becoming one of my favorite places to visit and explore. I perceive it and experience it constantly as a SCENERY “ready” to be inhabited by the CEO’s of the informal economy.

Street vendors create the organic social structure of Bangkok. In fact, they are almost everywhere. When I go with the van in the morning to the university I see them next to the bus station selling various kinds of food and snacks, refreshments, pieces of fruits, small packages with food. What triggers me the most is the way how a certain TERRITORY is being TRANSFORMED, or how suddenly a PLACE is created by them. There are many different forms, some of them have the “tradition” of appearing at the same spot every day, some of them appear suddenly and out of nowhere ready to create a PLACE on the sidewalk and there are some of them like the ones in Khao San Road where the SIDEWALKS are the new STREET.

In the last ones, the vendor owners create an intensive new organic and physical tissue on the sidewalk, one that guides movement and experience. They mold the physical boundaries: the passage ways, entrances, exits, create the whole storyboard of movement, as well as creating a colorful story on clothes, food, jewelry, beauty parlors, massage studios... The SIDEWALK becomes both the SCENERY and the STREET. More to come on this topic soon..

 

Доаѓајќи од Македонија, отсекогаш можев да разберам поинакви значења и функции поврзани со тротоарите како еден од најзначајните елементи на урбанистичкото планирање, настрана од тоа дека во суштина треба да претставува пешачка патека. Во Бангкок тротоарот ми станува еден од омилените места за посетување и истражување. Го доживувам постојано како СЦЕНА подготвена да биде населена со водачите на неформалната економија.

Уличните продавачи ја создаваат органската социјална структура на Банког. Тие се појавуваат насекаде. Наутро додека патувам до универзитетот, ги забележувам на автобуската станица како ги пречекуваат патниците продавајќи им различни видови на храна и ужинки, освежителни пијалоци, мали пакувања на свежо овошје и храна. Она што ме привлекува е како тие ТРАНСФОРМИРААТ ТЕРИТОРИИ, како одредено МЕСТО наеднаш е создадено од нив. Постојат многу форми и облици во коишто се појавуваат, некои од нив имаат “традиција” да се појавуваат секој ден на истото место, некои од нив се појавуваат спонтано и создаваат МЕСТО на тротоарот и има такви како оние што се на Khao San Road кадешто тротоарите се новата улица.

Во овие последните, сопствениците на тезгите создаваат интензивно ново органско и физичко ткиво на тротоарот, коешто дава патоказ на движењето и искуството. Тие ги моделираат физичките граници : премините, влезовите и излезите, го создаваат целосниот сториборд на движење, истовремено правејќи разнобојна приказна за купување храна, облека, накит, козметички салони, студија за масажа...ТРОТОАРОТ истовремено станува и СЦЕНА и УЛИЦА.