Imagining skywalks : Support for the authenticity of GTC Skopje / by Aleksandra Shekutkovska

 

The skytrain is a dreamy way of transport in Bangkok.

Against the nightmare in traffic, where you can always find yourself stuck, spending hours in taxi, bus or vans, the line of the SKYTRAIN is relaxing, clean, air-conditioned decorated with advertisements inside and out. I love to use it for travelling round the city; it feels like a gentle breeze in the chaotic city. Different buildings plug in into the network of the sky train having their own SKYWALK.  PUBLIC SPACE around the sky train has different levels of publicity, function; they lead you differently inside of the buildings. The pathways have influenced some of the shopping malls owners to renovate their façades and polish them to detail together with the interior in order to continue the dream of the comfort you got familiar with once you entered the train.

The sky train has special public spaces; ones with different characters which sometimes are connectors sometime create boundaries.

The skywalks sometimes remind me of the City trade centre in Skopje.

These days the initiative in Skopje for the City trade centre (architect Zivko Popovski ) continues its saga. The association of architects, non-governmental organisations, individual and groups of citizens in Skopje are raising their voice to preserve the authenticity of the building. Here the sky train is just the roads in the centre with buses and cars, and the skywalks are on the ground “invisibly” carving the building space. It is like the city dwelling, integrating in the same time accesses, movement and exits into the building in such a witty way that you don’t feel like in a building anymore. This building embraces different shades of public space. Public space which doesn't make a differentiation between age groups, nationalities, religions, professions, hobbies or aspirations. It is the sense of movement and the social belonging in space, the freedom which makes me sense the authentic PUBLIC SPACE SKYWALKS are here.

Raising my support for keeping the authenticity of the building. 

Skytrain е сонувачки транспорт во Бангкок.

Наспроти кошмарот на градскиот сообраќај кадешто лесно може да се пронајдеш поминувајќи часови во такси, автобус, кола или комбе, SKYTRAIN е освежувачки, релаксиран, чист и климатизиран начин на патување, декориран со реклами. Го сакам овој начин на патување низ градот, најмногу заради тоа што го доживувам како свеж воздух во хаотичниот град. Различни објекти се приклучуваат на неговата мрежа со сопствените SKYWALKS. ЈАВНИОТ ПРОСТОР околу skytrain има различни нивоа на јавност и приватност, функции, носејќи ги луѓето кон внатрешниот простор на објектите. Некои од патеките им влијаат на сопствениците на трговските центри да ги реновираат фасадите и ентериерот за да можат да го продолжат сонот којшто започнува кога ќе се качите во возот. 

Skytrain има специфични јавни простори, со различни карактери коишто некогаш создаваат врски некогаш создаваат граници. 

Деновиве skytrain ме потсетува на движењето и патеките во Градскиот Трговски центар во Скопје. 

Инцијативата за Градскиот трговски центар во Скопје ( дело на архитектот Живко Поповски ) сеуште е актуелна. Асоцијацијата на архитекти, невладини организации, индивидуалци и групи на граѓани во Скопје повторно се гласни за задржување на автентичноста на објектот. Во Скопје skytrain се патиштата кои поминуваат околу наоколу во центарот со коли и автомобили, skywalks невидливо влегуваат во објектот резбајќи во неговата внатрешност. Како градско живеалиште е, интегрирајќи ги влезовите, движењето, излезите, во просторот на толку итар начин, да се почувствуваш како да си надвор кога всушност си внатре. Овој објект прегрнува различни нијанси на  јавен простор. Јавен простор којшто не прави диференцијација и рзалика помеѓу луѓе со различни години, религии ,професии, националности  и интереси. Тој е чувството на движење и градот на сите, социјалното припаѓање во просторот. Во него ги чувствувам  автентичните  јавен простор- SKYWALKS. 

Ја изразувам мојата подршка за зачувување на АВТЕНТИЧНОСТА на Градскиот трговски центар во Скопје.