Chinatown / by Aleksandra Shekutkovska

 

One can literally get lost here inside the spontaneous architecture maze. The insider alleys are leading you to what the bare skin of the city is, its true forces, failures and perhaps not-place-for-all. Compounds of superimposed paths, markets, extensions, physical shelters and stairs create a large scale abdomen of informalised urban fabric. From time to time the abdomen is penetrated by openings, allowing light and air to reach the ground and remind us once again to indulge into appreciation.

The construction of the new MRT station on Charoen Krung Road is clearly affecting the surroundings: will the communities around it stay and be preserved because of their authenticity? How will the area develop in a synthesis with the incremental urban fabric? Will it just gradually disappear under the globalised face of the new developments?

It has been a week now that we are exploring and doing field work collecting analysis, photos and memories with the students in Urban design Studio: Infill Development with the context of Chinatown, Bangkok. Invisible thoughts, aspirations and questions seem to be floating around.

 

Да се изгубиш во лавиринт од спонтана архитектоника за повторно да се најдеш. Внатрешните улички те носат до срцевината на маалата покажувајќи ја соголената кожа на градот, силите позади него, неговите падови и можеби не-место-за-сите. Соединенија од патеки, пазари, доградби, засолништа и скали создаваат абдомен на неформализирано урбано ткиво. Од време на време абдоменот е пенетриран од отвори, дозволувајќи светлина и воздух да допрат до земјата и потсетувајќи не да се потопиме во благодарност.

Конструкцијата на новата метро станица на Charoen Krung Road е очигледно влијателна на целиот контекст, дали заедниците ќе бидат сочувани заради нивната автентичност ? Kако ќе се развива областа, дали ќе се создаде синтеза со постепено временски растечкото урбано ткиво? Дали тивко ќе исчезне позади лицето на Новиот глобализиран град ?

Една недела веќе со студентите поминуваме места и денови собирајќи анализи, фотографии и спомени во рамките на Урбан Дизајн студиото : Infill Development со контекстот Кинески кварт, Бангкок. Невидливи мисли, желби и прашања како раздувано глуварче се чини дека лебдат насекаде околу нас.