Shophouse / by Aleksandra Shekutkovska

 

It was Bjarke Ingels who elaborated into one of his interviews for New York Times: “Architecture is restricted to such a limited vocabulary. A building is either a high-rise or a perimeter block or a town house”.

When I decided to move in Bangkok I was perpetually under the impression that I am walking in Edward Ruscha’s Every building on the sunset strip. I felt strips of buildings stamped into my memory somewhere between the impressions of their poor conditions, undecided destiny and urbantropology. Bangkok urban tissue construct is fabricated in greatest number by 4 storey shop houses built during the 1960’s serving as an economic resolution for housing demands in the dawn of urbanization. City expansions, new aspirations and development have left numerous shop houses into sceneries of ghost flâneur caves, leaving no traces of what was once the urbanization zeitgeist. Abandoned and poorly maintained some of them are located in attractive areas such as transportation stops of the MRT (metro line) and BTS (sky train) waiting uncertainly for their fortune telling- if they will be rented, live to see their own space requalification or be just another developer’s desert.

Two examples have crossed my research these days, both with different architectural characteristics, however similar concepts -attentive to the urban impact on the overall urban/lifestyle context.

Headquarters embodies a transformation of 2 units of shop houses. Every floor is a working-living unit, quite different to what is common in the city, however very similar to the concept that the shop houses integrated in the beginning of their construction, both commercial (ground floor) and residential ( upper floors) activity. Sensibility towards light, ventilation and green space seems a carefully incorporated layer inside of the spatial concept. “Seeking to create alternative built environments through contemporary, vernacular design solutions” – a conceptual map of the architecture by All (zone) exhibited during the Chicago Architecture Biennale 2015. Read more at: http://chicagoarchitecturebiennial.tumblr.com/post/129290791051/bringing-the-past-into-the-present-allzone

ADVENTURE HOSTEL image via: http://www.archdaily.com/780124/adventure-hostel-integrated-design-office

ADVENTURE HOSTEL image via: http://www.archdaily.com/780124/adventure-hostel-integrated-design-office

Adventure hostel - shop house is in closer proximity to the BTS station Saphan Kwai. “The colossus structure creeps in all over the main street in CBDs to deliver 250,000++ passengers a day.  This condition changes the way people live in the shophouse. While the living conditions become worsen because of the noise and privacy factor, its potential for the commercial used is enhanced.“ The adaptability of space is further emphasized with the use of readymade materials, simple shading, and furniture and ventilation solutions. The rooftop seems to communicate with the upper platform of the train, having the role similar to a billboard or advertisement, providing alternative scenery to what is usually present in the BTS surrounding landscape.Read more: http://www.archdaily.com/780124/adventure-hostel-integrated-design-office

Similar examples are lighting up as urban catalysts, moving architecture away from its boundaries and restrictions, becoming active agents within the Every building on the sunset strip, remembering the premises of architecture in the city that always embodies the urban design impact. 

Бјарк Ингелс беше оној кој направи белешка за границите на архитектурата во едно од своите интервјуа за New York Times: Архитектурата е поставена во толку лимитиран вокабулар. Еден објект е или облакодер или периметрален блок или индивидуална куќа”.

Кога решив да тргнам во потрага по ново место за живеење во Бангкок, постојано ме следеше впечатокот дека пешачам низ панорамите на Edward Ruscha Секој објект на стрипот на зајдисонцето. Чувствував улични фронтови како ми се печатат во меморијата некаде помеѓу вниманието на сиромашните услови, неодредената судбина и урбаната антропологија на архитектурата која ја гледав пред себе. Урбаното ткиво на Бангкок е исткаено во најголем број од 4 катни куќи во низа изградени за време на 1960тите, служејќи како оптимално и економично решение за побарувачките на живеалиште во мугрите на урбанизацијата. Експандирањето на градот, новите аспирации и развитокот оставија голем број на куќи во низа да се трансформираат во сцени на напуштени пештери без трага од она што претходно било духот на времето на урбанизацијата. Неупотребени и минимално одржани некои од нив се наоѓаат на атрактивни локации како станиците за метро и надземен воз чекајќи во несигурност за претскажувањето на нивната судбина-дали ќе бидат изнајмени, ќе доживеат да ја искусат својата трансформација и реквалификација или ќе завршат како десерт за инвеститорите.

Два примери, двата со различни архитектонски карактеристики, меѓутоа со сличен концепт и со внимателност кон урбаниот импакт и моќта на самото место: 

HEADQUATERS image via: http://www.allzonedesignall.com/project/transformation/the-headquaters/

HEADQUATERS image via: http://www.allzonedesignall.com/project/transformation/the-headquaters/

Headquarters обвиткува трансформација на 2 единици на куќи во низа. Секое ниво е замислено како простор за живеење и работење, место за мали креативни бизниси, различно од она што го среќаваме во градот, меѓутоа слично на првобитната замисла на куќите во низа каде во приземјето се наоѓале комерцијални програми, а во погорните катови просторот за домување. Сензитивноста кон светлината, вентилацијата и зелениот простор се внимателно вметнати низ просторниот концепт.  Барајќи да се создадaт алтернативни изградени животни средини преку современи, вернакулрани дизајн решенија”- концептуалната картографија на архитектонското студио All(zone) изложена за време на Архитектонското биенале во Чикаго 2015.

Хостелот Авантура е лоциран веднаш до излезот на станицата на надземниот воз Saphan Kwai. “Колосалната структура на надземниот воз го обвиткува горното ниво на главните улици, дозволувајќи прoток од 250 000 +++ патници на ден. Оваа состојба го менува начинот на кој живеат луѓето во куќите во низа. Додека условите за живеење се влошуваат заради загадувањето од звук и намалувањето на приватноста, потенцијалот на комерцијалната употреба на просторот е во развиток”. Адаптибилноста на просторот е понатаму поткрепена со користење на реадаптирани готови материјали, едноставни решенија за заштитување од сончева светлина и природна вентилација. Кровниот простор се чини како да комуницира со горната платформа на возот, добивајќи слична улога на билборд или реклама, нудејќи алтернативна сценографија на она што е се-присутно на средината која ги опкружува станицитие на надземниот воз.

Слични примери се будат како урбани катализатори, ја поместуваат архитектурата од нејзините граници и ограничувања, стануваат активни агенти на Секој објект на стрипот на зајдисонцето, потсетувајќи не за можноста на урбан дизајн одговорност и влијанијата во просторните концепти на архитектурата на градот

ADVETURE HOSTEL image via : http://www.archdaily.com/780124/adventure-hostel-integrated-design-office

ADVETURE HOSTEL image via : http://www.archdaily.com/780124/adventure-hostel-integrated-design-office