Sidewalk

Sidewalk, street style and sandwich by Aleksandra Shekutkovska

 

I was always wondering about the spiritual sensations I would experience if I would go back to Zurich. When I moved to Bangkok, the experiences from Switzerland were coming back to me. The day when I reached Osaka interesting enough was the birthday of one of my closest friends from Zurich, Sonja.

And there it was, that feeling of Zurich once more, this time differently spreading both in the interior and the exterior. In Osaka from the placement of smallest objects to the whole planning and organization of the city everything is modeled by regulations. In the same time every gesture, sign, landscape and composition in space is a manual of aesthetics.

While trying delicious matcha ice cream which touches all the senses, I am wondering not only about the formal factors that speak about the development of the city quality, rather for the informal factors which reveal the aesthetics of the urban living.

Sidewalk, streetstyle and sandwiches

The sidewalk is probably the map of the context’s culture, behavior and level of development for one society. The pedestrian circulation is almost in flying, the dimensions, available accesses, purification from too many urban elements, denivelations and accessibility are modeling in total the comfort of the pedestrian in the urban tissue. The physical boundaries which separate the zones, streets, buildings, greenery and sidewalk have been planed top down, however they are incredibly soft; the movement on the sidewalk gives us the feeling of moving on an invisible escalator.

The street fashion is a sketch for the quality of the city. The clothes, combinations, the quality of the materials and especially the question with what you achieve the accent in a certain composition all speak about the relationship, culture and behavior towards the city. Street fashion is a reader: starting from the domination of a certain style, to exceptional cases of anti-fashion, leaving the city as a background. They exists both in a symbiotic connection similar to the gallery space and the artwork.

The sandwich. Although the foodscape of Japan is much more different and packaged than what I experience on a daily basis in Bangkok, the food and its texture triggers all of the senses and unites the architecture of the city’s soul. Quality of street food and food in general is an indication of the level of quality of one city.


And there it is in a different way, feeling my Zurich once more. This time spreading inside and outside. Trapped in a silent, attentive, cultural and civilized aesthetics in each and every detail of the exterior and interior of my soul and my thoughts for the city.

 

 

Отсекогаш се прашував за душевните сензации доколку повторно се вратам во Цирих. Кога се преселив во Бангкок, доживувања од Цирих ме пресретнуваа. Денот кога пристигнавме во Осака чудесно поврзано беше роденденот на Соња една од моите најблиски пријателки од Швајцарија.

И ете го чувството на Цирих повторно, овојпат и внатрешно и надворешно. Во Осака од поставеноста на секој предмет до целосната организација и планирање на градот се е исткаено со регулации, истовремено секој гест, знак, пејсаж и композиција во просторот е учебник за естетика.

Вксувајќи мача-сладолед кој со својот вкус и текстура се лепи и ги освојува сите сетила, се прашувам не само за формалните фактори кои зборуваат за развиеноста, квалитетот на градот туку и за оние неформалните фактори кои прават пресек на естетиката на градското живеење.

Тротоар, улична мода и сендвичи

Тротоарот е веројатно мапата на културата, однесувањето и степенот на развиеност на едно општество. Пешачката циркулација е скоро во лет, неговите димензии, овозможени пристапи, прочистеност од урбани елементи, денивелации, проодност го обликуваат целосно комфорот на профилот пешак во урбаното ткиво. Физичките граници кои ги делат зоните, улиците, објектите, зеленилото и тротоарот се авторативно решени меѓутоа бескрајно меки, движењето на тротоарот се чини како движење на невидлив ескалатор.

Уличната мода е скица за квалитетот на градот. Облеката, комбинациите, квалитетот на материјалите и особено прашањето со што се постигнува акцентот во дадената композција зборуваат за односот, културата и пристапот кон градот. Уличната мода е читанка: најпрвин одредена стилска доминација, потоа исклучителни примери на анти-мода, оставајќи го градот како позадина и истовремено во прв план, во реципрочен однос како уметничкото дело и галерискиот простор.

Сендвич. Иако фудскејпот на Јапонија е поинаков и значително по спакуван од она што секојдневно го доживувам во Бангкок, храната, нејзината естетика и текстура ги обзема сите сетила и ја обединува архитектониката на душата во градот. Нејзинот квалитет истовремено зборува за квалитетот и развиеноста на градот.

И ете го повторно на некој поинаков начин мојот Цирих. Овојпат распределн и внатрешно и надворешно. Заробена во тивка, ненаметлива, културна и цивилизирана видлива естетика во секој еден детал на екстериерот и инетриерот во душата и мислата за градот

Sidewalk as a scenery by Aleksandra Shekutkovska

 

Coming from Macedonia, I was always able to attach new meanings and functions to the SIDEWALK as an element of the city planning, apart from it just being a pedestrian pathway. In Bangkok the sidewalk has grown on me, it is becoming one of my favorite places to visit and explore. I perceive it and experience it constantly as a SCENERY “ready” to be inhabited by the CEO’s of the informal economy.

Street vendors create the organic social structure of Bangkok. In fact, they are almost everywhere. When I go with the van in the morning to the university I see them next to the bus station selling various kinds of food and snacks, refreshments, pieces of fruits, small packages with food. What triggers me the most is the way how a certain TERRITORY is being TRANSFORMED, or how suddenly a PLACE is created by them. There are many different forms, some of them have the “tradition” of appearing at the same spot every day, some of them appear suddenly and out of nowhere ready to create a PLACE on the sidewalk and there are some of them like the ones in Khao San Road where the SIDEWALKS are the new STREET.

In the last ones, the vendor owners create an intensive new organic and physical tissue on the sidewalk, one that guides movement and experience. They mold the physical boundaries: the passage ways, entrances, exits, create the whole storyboard of movement, as well as creating a colorful story on clothes, food, jewelry, beauty parlors, massage studios... The SIDEWALK becomes both the SCENERY and the STREET. More to come on this topic soon..

 

Доаѓајќи од Македонија, отсекогаш можев да разберам поинакви значења и функции поврзани со тротоарите како еден од најзначајните елементи на урбанистичкото планирање, настрана од тоа дека во суштина треба да претставува пешачка патека. Во Бангкок тротоарот ми станува еден од омилените места за посетување и истражување. Го доживувам постојано како СЦЕНА подготвена да биде населена со водачите на неформалната економија.

Уличните продавачи ја создаваат органската социјална структура на Банког. Тие се појавуваат насекаде. Наутро додека патувам до универзитетот, ги забележувам на автобуската станица како ги пречекуваат патниците продавајќи им различни видови на храна и ужинки, освежителни пијалоци, мали пакувања на свежо овошје и храна. Она што ме привлекува е како тие ТРАНСФОРМИРААТ ТЕРИТОРИИ, како одредено МЕСТО наеднаш е создадено од нив. Постојат многу форми и облици во коишто се појавуваат, некои од нив имаат “традиција” да се појавуваат секој ден на истото место, некои од нив се појавуваат спонтано и создаваат МЕСТО на тротоарот и има такви како оние што се на Khao San Road кадешто тротоарите се новата улица.

Во овие последните, сопствениците на тезгите создаваат интензивно ново органско и физичко ткиво на тротоарот, коешто дава патоказ на движењето и искуството. Тие ги моделираат физичките граници : премините, влезовите и излезите, го создаваат целосниот сториборд на движење, истовремено правејќи разнобојна приказна за купување храна, облека, накит, козметички салони, студија за масажа...ТРОТОАРОТ истовремено станува и СЦЕНА и УЛИЦА.