Workshop

Kyoto by Aleksandra Shekutkovska

 

Conservation, Revitalization and Creation of Kyoto Landscape 

image via : https://japan1616.wordpress.com/page/22/

During our workshop in Japan we had an excellent opportunity to be part of a lecture of the Institute in Kyoto which establishes participation between the community and the implementation of regulations for urban planning and architecture buildings. Attentive, highly regulated and aesthetically unquestionable in Kyoto tradition, past and future, the urban development of the city take into consideration the development of the city from the smallest to the highest scale: something which is a deep characteristic of Japanese culture. Kyoto is a city with population of 1 470 000 people and 1000 years home to the Imperial palace. As seen from above this place looks like Central Park in New York, creating one specific landscape within the tissue of residential and industrial buildings with highly developed infrastructure. The worldly important historical heritage in the city built by the model of the Chinese city Changan is protected through three different zones zone of preservation, zone of regeneration and zone of creation. 

The regulation of building height and the integration of the views towards the mountains and landscape as a rule and way of modeling the city creates a highly sensitive feeling for lifestyle, future and coexistence in the city. It reminds me of the planning in Ohrid, Macedonian extraordinary city where in the traditional part in the old town it was an unwritten rule that every builder of the house should allow their neighbors to have a view towards the lake. In that manner everyone got the Lakeview from different angles.  The regulations enable symbiosis between the built environment and nature, the tradition and new architecture. It is impressive- the rules of  traditional architecture protection called Kyo machiya, especially the effort of the centre to support the owners financially to persevere their houses. The conservation of the traditional houses seems vague argument in terms of real estate development however the Institute highly believes that they are a precious gem of architectural heritage for future generations. The regulations of the natural and urban scape, the regulations of using billboards, signs and advertisements are creating a balanced cityscape, self aware of the direction of its development and future. 

If you are interested in more information about regulations of building and urban planning in Kyoto please contact us via mail. 

 

 

 

За време на работилницата во Јапонија имавме одлична прилика да бидеме дел од предавањето на Матсикури институтот во Кјото кој воспоставува соработка помеѓу заедницата-жителите на Кјото и имплементирањето на регулациите за урбанистичко планирање и изградба на архитектонски објекти. Внимателно, високо регулирано и естетски неоспорливо во Кјото традицијата, сегашноста и иднината и урбанистичкиот развиток на градот внимателно земаат во предвид аспекти од најголемиот до најмалиот размер: нешто што е впрочем обележје за Јапонската култура. Кјото е град со популација од 1 470 000 жители и 1000 години дом на Империската палата. Гледана одозгора целата територија на платата наликува на Централ парк во Њујорк, разграничувајќи едно специфично градско парче во ткивото од резиденцијални и индустриски објекти вкрстени со високо развиена инфраструктура. Историското наследство значајно во светски рамки во овој град изграден според моделот на кинескиот град Чанган се заштитува преку три рамки за неговите зони: зона за конзервација, зона за регенерација и зона за креација.

Ограничувањата на висината на објектите и вметнувањето на погледот кон планината и пејсажот како регулатива за начин на обликување на градот прави пресек на високо-сензитивното чувство за начин и стил на живеење, иднина и коегзистирање во градот. Ме потсетува на планирањето на традиционалните Македонски куќи во Охрид во старото градско ткиво, отварајќи на секоја од нив поглед кон езерото од различна страна. Регулациите овозможуваа простор за симбиоза помеѓу изграденото и природата, традицијата и новата архитектура. Импресивни се правилниците за заштита на традиционалната архитектура наречена Кјо мачија, особено работата на центарот да обезбеди финансиска подршка за сопствените на трационалните куќи да ги конзервираат и сочуваат во својата автентична првобитна состојба. Зачувувањето на традиционалната архитектура иако во поглед на развитокот на недвижности се чини неисплатлив и економски под знак прашалник, овие места сеуште се приоритетни скапоцености на архитекстонското наследство за идните генерации како што објаснуваат од страна на институтит.  Регулацијата на природниот и градскиот пејсаж, строгите насоки за користење на што помал број на знаци, реклами и билборди го прават градскиот пејсаж длабоко врамнотежен и  “само-свесен” за правецот на својот развиток и иднина.

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации и документи за планирањето и архитектурата на Кјото ве молиме да не контактирате преку email пошта. 

 

 

 

Sidewalk, street style and sandwich by Aleksandra Shekutkovska

 

I was always wondering about the spiritual sensations I would experience if I would go back to Zurich. When I moved to Bangkok, the experiences from Switzerland were coming back to me. The day when I reached Osaka interesting enough was the birthday of one of my closest friends from Zurich, Sonja.

And there it was, that feeling of Zurich once more, this time differently spreading both in the interior and the exterior. In Osaka from the placement of smallest objects to the whole planning and organization of the city everything is modeled by regulations. In the same time every gesture, sign, landscape and composition in space is a manual of aesthetics.

While trying delicious matcha ice cream which touches all the senses, I am wondering not only about the formal factors that speak about the development of the city quality, rather for the informal factors which reveal the aesthetics of the urban living.

Sidewalk, streetstyle and sandwiches

The sidewalk is probably the map of the context’s culture, behavior and level of development for one society. The pedestrian circulation is almost in flying, the dimensions, available accesses, purification from too many urban elements, denivelations and accessibility are modeling in total the comfort of the pedestrian in the urban tissue. The physical boundaries which separate the zones, streets, buildings, greenery and sidewalk have been planed top down, however they are incredibly soft; the movement on the sidewalk gives us the feeling of moving on an invisible escalator.

The street fashion is a sketch for the quality of the city. The clothes, combinations, the quality of the materials and especially the question with what you achieve the accent in a certain composition all speak about the relationship, culture and behavior towards the city. Street fashion is a reader: starting from the domination of a certain style, to exceptional cases of anti-fashion, leaving the city as a background. They exists both in a symbiotic connection similar to the gallery space and the artwork.

The sandwich. Although the foodscape of Japan is much more different and packaged than what I experience on a daily basis in Bangkok, the food and its texture triggers all of the senses and unites the architecture of the city’s soul. Quality of street food and food in general is an indication of the level of quality of one city.


And there it is in a different way, feeling my Zurich once more. This time spreading inside and outside. Trapped in a silent, attentive, cultural and civilized aesthetics in each and every detail of the exterior and interior of my soul and my thoughts for the city.

 

 

Отсекогаш се прашував за душевните сензации доколку повторно се вратам во Цирих. Кога се преселив во Бангкок, доживувања од Цирих ме пресретнуваа. Денот кога пристигнавме во Осака чудесно поврзано беше роденденот на Соња една од моите најблиски пријателки од Швајцарија.

И ете го чувството на Цирих повторно, овојпат и внатрешно и надворешно. Во Осака од поставеноста на секој предмет до целосната организација и планирање на градот се е исткаено со регулации, истовремено секој гест, знак, пејсаж и композиција во просторот е учебник за естетика.

Вксувајќи мача-сладолед кој со својот вкус и текстура се лепи и ги освојува сите сетила, се прашувам не само за формалните фактори кои зборуваат за развиеноста, квалитетот на градот туку и за оние неформалните фактори кои прават пресек на естетиката на градското живеење.

Тротоар, улична мода и сендвичи

Тротоарот е веројатно мапата на културата, однесувањето и степенот на развиеност на едно општество. Пешачката циркулација е скоро во лет, неговите димензии, овозможени пристапи, прочистеност од урбани елементи, денивелации, проодност го обликуваат целосно комфорот на профилот пешак во урбаното ткиво. Физичките граници кои ги делат зоните, улиците, објектите, зеленилото и тротоарот се авторативно решени меѓутоа бескрајно меки, движењето на тротоарот се чини како движење на невидлив ескалатор.

Уличната мода е скица за квалитетот на градот. Облеката, комбинациите, квалитетот на материјалите и особено прашањето со што се постигнува акцентот во дадената композција зборуваат за односот, културата и пристапот кон градот. Уличната мода е читанка: најпрвин одредена стилска доминација, потоа исклучителни примери на анти-мода, оставајќи го градот како позадина и истовремено во прв план, во реципрочен однос како уметничкото дело и галерискиот простор.

Сендвич. Иако фудскејпот на Јапонија е поинаков и значително по спакуван од она што секојдневно го доживувам во Бангкок, храната, нејзината естетика и текстура ги обзема сите сетила и ја обединува архитектониката на душата во градот. Нејзинот квалитет истовремено зборува за квалитетот и развиеноста на градот.

И ете го повторно на некој поинаков начин мојот Цирих. Овојпат распределн и внатрешно и надворешно. Заробена во тивка, ненаметлива, културна и цивилизирана видлива естетика во секој еден детал на екстериерот и инетриерот во душата и мислата за градот